Брејди се пензионира, овој пат дефинитивно

АМЕРИКАНСКИ ФУДБАЛ

Одам во пензија. Засекогаш. Знам дека сето тоа предизвика голема возбуда минатиот пат. Можеш само еднаш да се пензионираш со толку многу емоции, а јас веќе го искористив тоа лани. Ви благодарам многу на сите што ми овозможивте да го живеам мојот сон. Не би менувал ни една работа на светот, изјавил Том Брејди во неговата видеопорака, откако се пензионира во Националната лига во американскиот фудбал (НФЛ), овој пат дефинитивно.
По неверојатни 23 сезони, седум титули и три награди за најкорисен играч (МВП), пет награди за МВП на Супербол, голем број рекорди поставени и соборени, заврши една ера. Најдобриот квотербек (додавач), Брејди, одигра 365 меча, од играч што речиси никој не го забележа на драфтот до легенда. Во средното училиште, вечната резерва, на Универзитетот во Мичиген, каде што исто така беше резерва, беше просечен. Брејди првпат стана квотербек во вториот дел од неговата последна година на колеџот. Тој отиде на драфтот во 2000 година, Њу Ингланд го прескокна во третата рунда, но беше достапен во шестата, како 199-ти избор. Кога првпат го запознал сопственикот на клубот, Роберт Крафт, тој смело се претставил како „најдобрата одлука што ја донела неговата франшиза“. Во март 2020 година замина во Тампа беј, а една година подоцна го освои Суперболот со нив. Рекордите се главно на негово име, како најмногу фрлања (89.214), додавања за т.н. тачдаун (677), а е и единствениот што го освоил Суперболот повеќе од пет пати и кој повеќепати бил МВП. Г.И.