На семинарот присуствуваа претставници на 15 клуба, членки на ЏФМ, со околу 50 спортски работници
ЏУДО-СЕМИНАР ЗА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ ТРЕНЕРИ И СУДИИ
Прилепските џудо-клубови беа најмасовни на семинарот за лиценцирање џудо-тренери и џудо-судии за 2023 година, кој се одржа во саботата во Битола, во организација на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ) и во техничка организација на битолскиот џудо-клуб Пелистер.
– На семинарот присуствуваа претставници на 15 клуба, членки на ЏФМ, со околу 50 спортски работници, односно тренери и судии. Притоа џудо-клубот Сеишин од Прилеп беше најмасовен на семинарот со 12 свои стручни кадри, а клубот Санкаку и клубот Прилеп, и двата од Прилеп, учествуваа со по двајца стручни кадри или вкупно 16 стручни лица од овие три прилепски клуба – изјави селекторот на македонската репрезентација и тренер на клубот Сеишин, Дејан Мицкоски.
Свои теми на семинарот одржаа д-р Јован Велески, психолог и член на здравствена комисија, д-р Сашо Бојаџиев, специјалист по хирургија и претседател на здравствена комисија, м-р Миодраг Стојановиќ, специјалист по нутриционизам и исхрана и генерален секретар на ЏФМ и Томе Јосифоски, претседател на судиската комисија при ЏФМ.
По завршувањето на семинарот сите присутни добија сертификати и леценци за работа за 2023 година, а им ги додели претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски. Г.И.