Поаѓајќи од пред Офицерскиот дом, низ Широк Сокак со ангелски глас низ кој одѕвонуваше божиќната песна „Вечниот бог“, бадниковата поворка, внесе радост и во општина Битола.
Младите гласници на најубавата вест во Битола беа пречекани од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска и советниците Анета Ѓоргиевска и Борче Корлевски, кои им поделија коледарски пакетчиња.
М.М.