Рускиот патријарх Кирил повика на прекин на огнот и на примирје во Украина за време на божиќните празници, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.
Патријархот апелира за дводневен прекин на огнот.
– Јас, Кирил, патријархот Московски и на цела Русија, апелирам до сите страни вклучени во меѓусебниот конфликт за прекин на огнот и воспоставување Божиќно примирје од пладне на 6-ти јануари до полноќ на 7 јануари, за православните да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и денот на рождеството Христово – вели патријархот во изјавата објавена на интернет-страницата на Руската православна црква.
Рускиот патријарх Кирил во изминатите месеци се соочи со жестоки критики однадвор, претежно од западните земји, поради неговата поддршка на руската инвазија на Украина.