Вооружените сили на Србија и сите единици на српското Министерство на внатрешни работи ставени се во највисок степен на борбена готовност по наредба на српскиот претседател и врховен командант на оружените сили Александар Вучиќ.
– ќе ги преземам сите мерки за да го заштитам нашиот народ и да ја спасам Србија – рече меѓудругото Вучиќ.
Претседателот на Србија вечерва нареди вооружените сили да бидат на највисоко ниво на борбена готовност, како што истакна српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.
Претходно српскиот миинистер за внатрешни работи Братислав Гашиќ издаде наредба за подигање на целосната борбена готовност на сите единици на српската полиција.