За злоупотреба на службена положба во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик-командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На ГП „Табановце“ синоќа беше акција на Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвнителство за гонење организиран криминал и корупција.
Поради одвивањето на акцијата на граничниот преми имаше неколкучасовен застој и долга колона возила.