ФОРМУЛА Е

Максималната брзина е 320 км на час, болидот е 60 килограми полесен, има помала шасија, дополнителен преден погон и без задни сопирачки, плус моќност поголема за 100 kw, на 350 kw, со двојно поголем капацитет за регенерација, што значи повеќе од 40 отсто од енергијата што се користи во трка е преку регенерација при запирање. Возачите велат дека сето тоа ќе придонесе за повеќе претекнувања и поживи болиди во сезоната на улични патеки на Формула Е
Тимовите имаат сосема нов предизвик за деветтата сезона со Формула Е што оди со ерата на новиот болид, „ген 3“, пишува официјалниот сајт на тоа натпреварување „Фиаформулае“. Тоа е огромен скок во технологијата што се здружи за да го создаде најбрзиот, најлесен, најмоќен и најефикасен електричен едносед досега и, исто така, најодржлив. Максималната брзина е 320 км на час, болидот е 60 килограми полесен, има помала шасија, дополнителен преден погон и без задни сопирачки, плус моќност поголема за 100 kw, на 350 kw, со двојно поголем капацитет за регенерација, што значи повеќе од 40 отсто од енергијата што се користи во трка е преку регенерација при запирање. Возачите велат дека сето тоа ќе придонесе за повеќе претекнувања и поживи болиди во сезоната на улични патеки на Формула Е.
Тестирањето ги постави своите предизвици за тимовите да се снајдат пред првиот круг во Мексико Сити на 14 јануари.
– Макс (Гентер) веќе помина побрзо од најбрзиот круг што го направивме тука минатата година, така што веќе сме побрзи во текот на еден круг. Можеме да очекуваме поголема разлика, но тоа ќе дојде со тоа што подобро ќе го искористиме болидот. Има многу што да откриеме. Во минатата година бевме на максимум со автомобилот „ген 2“, со софтвер што ги искористи сите перформанси достапни по години работа со тие автомобили и погонски единици. Имаме многу да научиме, не е сосема фер да се прават споредби во моментов – вели натпреварувачот Едоардо Мортара.
Антонио Феликс да Коста вели дека бил забавен процес да се запознае со новиот автомобил.
– Тоа е огромен чекор напред во однос на моќта и е полесен и оние две работи на кои секогаш се радуваш како возач, поголема моќ и помала тежина. Има и преден погон и ќе биде високоефикасен автомобил, 40 отсто од вкупната енергија што се користи на трка ќе биде од регенерација. Тоа е голем чекор во технологијата. Рано е и полека се справуваме со болидите. Имаме уште многу работи да развиеме и да научиме за само еден месец пред да се тркаме во Мексико – вели Да Коста.