САД склучија договори со одбранбени компании, вклучително и еден вреден повеќе од милијарда долари за Локхид Мартин, соопшти американското Министерство за одбрана.
Според соопштението, договорот вреден 1,05 милијарди долари, што беше склучен синоќа, предвидува набавка на материјали, делови со долго време на производство и компоненти неопходни за одржување на редовното производство и испорака на 118 авиони „Лот 18“ Ф-35 за ВВС, поморскиот корпус, морнарицата и странски клиенти.
Боинг доби договор од 497 милиони долари за хеликоптери Ц-47Ф, за испораки завршени до 30 декември 2025 година.
Локхид Мартин доби договор од 431 милион долари од Министерството за одбрана претходно овој месец за испорака на новиот артилериски ракетен систем (HIMARS) и услуги за поддршка на американската војска и странски сојузници.