Tри лица загинаа денеска откако хеликоптер Ми-8 се урна во регионот Бурјатие, во југоисточен Сибир, соопшти итната служба на ТАСС.
Три лица загинаа, сите членови на посадата. Во леталото немало патници, рекол изворот.
– Хеликоптерот Ми-8 се урна при слетување на аеродромот Бајкал и се запалил. Оганот во целост го зафати хеликоптерот и во тек е гасење – соопштија службите за вонредни состојби.