Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје започна кампања под мотото „Донирајте стара хартија – за нова Брајова книга“.
– Целта на акцијата е да собереме стара и неупотреблива хартија (стари книги, учебници, списанија итн.) со цел истата таа да ја рециклираме и да добиеме нова хартија што ќе ја употребиме за изготвување учебници на Брајово писмо.
Се надеваме дека ќе ни се приклучите во акцијата! За достава или преземање на хартијата контактирајте на нашиот профил на Фејсбук, со порака во инбокс! – велат од училиштето.
Тие се надеваат дека кампањата ќе предизвика голем интерес во јавноста.