ЏУДО – НА ТУРНИРОТ ВО ПРИШТИНА

Прилепскиот џудо-клуб Сеишин, под водство на тренерот Мики Чадамов, освои вкупно осум медали на меѓународниот турнир за кадети/ки и сениори/ки, што во организација на клубот Полиси се одржа викендов во Приштина. На турнирот учествуваа клубови од Македонија, Црна Гора, Словачка, Албанија, Косово, Бугарија и од Грција.
Македонскиот клуб, кој настапи со осум натпреварувачи/ки, се закити со еден златен, три сребрени и четири бронзени медали, од кои четири им припаднаа на сестрите близначки Настоски. Михаил Димоски (до 66 кг) кај кадетите и Леона Настоска (до 57 кг) кај сениорките, иако прикажаа солидни борби, сепак, не успеаја да изборат место на пиедесталот.
Злато освои сениорката Теодора Димеска (до 48 кг), а сребро сестрите близначки Теа (до 44 кг) и Теона Настоски (до 48 кг) во кадетска конкуренција. Сестрите Настоски освоија медали и во сениорска конкуренција, и тоа Теона сребро, а Теа бронза, додека Магдалена Најдоска (до 52 кг) и Мартина Јанкоска (до 78 кг),ги освоија третите позиции. Со бронзен медал се закити и Стефан Талески (до 90 кг) во сениорска конкуренција. Г.И.