фото: Пиксабеј

Четири лица загинаа во престрелка во близина на трговски центар во Русија, јавуваат медиумите во светот.

Маж отвори оган во трговски центар во јужниот руски град Крим, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на локалната полиција.
Руската агенција ТАСС објави дека меѓу четворицата загинати е и напаѓачот, кој се самоубил по нападот.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат како маж пука додека поминува покрај паркирани автомобили.

Кримск е мал град во јужниот дел на Русија во Краснодарскиот крај во близина на Кримскиот Полуостров, кој Русија еднострано го анектира од Украина во 2014 година.