Под влијание на циклонска активност од Медитеранот, викендов ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и обилни и до над 35 литри на квадратен метар.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, врнежливо ќе биде особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне.
-Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 километри на час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени – соопшти УХМР.