Од вкупно 819 тестирања во последните три дена, од 28 до 30 октомври 2022, регистрирани се 71 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 86 пациенти, а не се пријавени починати лица.
Како што соопшти Министерството за здравство, од новите позитивни на коронавирус во Скопје има 47, Прилеп – девет, Охрид – три, Битола и Кичево по двајца, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија по еден.
Од вкупниот број на позитивни (71), регистрирани се 10 реинфекции.
Од вкупно 86 оздравени пациенти, во Скопје има 63, Прилеп – девет , Битола – осум,, Штип – двајца, Куманово, Кавадарци, Неготино и Кратово по еден.
Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.183.292 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247.