Македонската карате-репрезентација

Боите на Македонија ќе ги бранат вкупно 34 натпреварувачи во кати и во борби

СП ЗА КАДЕТИ И ЗА ЈУНИОРИ ВО КОЊА

Македонските карате-надежи од денеска до недела ќе бидат пред нов голем предизвик. Вкупно 34 каратисти во борби и во кати ќе настапат на Светското првенство (СП), за кадети, јуниори и постари јуниори (до 21 година), во турскиот град Коња, на кое, пак, се пријавени 1.859 натпреварувачи од 105 држави. Македонската карате-експедиција ја предводат селекторите во борби Дејан Ристески (кадети), Берат Јакупи (јуниори) и Александар Кузмановски (постари јуниори до 21 година), а во кати Неџби Дервиши (кадети), Ивана Аврамова (јуниори) и Стојан Андриевски (постари јуниори до 21 година).
– Добро се подготвувавме изминатиов период. Конкуренцијата во Коња е мошне силна. Очекувам од ова СП да се вратиме со медали – оптимист е селекторот Кузмановски.
Во подготвителниот период македонските репрезентативци одржаа три заеднички подготовки. Првите и вторите беа еднодневни во Скопје, а третите во Дојран и беа тридневни. Репрезентативните бои на Македонија на СП ќе ги бранат: Кадети: во кати Данка Стојкова и Нуредин Дервиши, а во борби Катја Апостоловска (категорија до 47 кг), Драгана Ефтимовска (до 54 кг), Мируше Речи (над 54 кг), Адријан Зекири (до 52 кг), Андреј Стојчевски (до 57 кг), Филип Стојанов (до 63 кг), Марко Филиповски (до 70 кг) и Лука Бацковиќ (над 70 кг). Јуниори: во кати Анастасија Минговска и Марио Димчевски, а во борби Сара Дука (до 48 кг), Михаела Мишовска (до 53 кг), Јована Мицовска (до 59 кг), Мила Панчева (над 59 кг), Недим Шаќири (до 55 кг), Матеј Белистојаноски (до 61 кг), Љупче Михајлов (до 68 кг), Андреј Ангеловски (до 76 кг), Данило Божовиќ (над 76 кг). Кадети-јуниори, ката екипно, мажи, Андриќ, Пешков, Стојановски. Постари јуниори: во кати Мартина Арсовска и Кристијан Бајовски, а во борби Марија Петровска (до 55 кг), Викторија Јовановска (до 61 кг), Јусра Адеми (до 68 кг), Зана Џеладини (над 68 кг), Бојан Костов (до 60 кг), Григор Хаџи-Кимов (до 67 кг), Марио Свинарски (до 75 кг), Витомир Трајковски (до 84 кг) и Стефан Стојановиќ (над 84 кг). Г.И.