Европската унија планира да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина во 2023 година за поддршка на таа земја во војната – изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот на ЕУ.
Таа на прес-конференција рече дека тоа ќе биде „предвидлив, стабилен и сигурен прилив на приходи“ и додаде дека министрите за финансии на ЕУ се задолжени да развијат соодветен механизам за давање пари на Украина.
На самитот, кој меѓу другото се занимаваше и со војната во Украина, балтичките земји побараа формирање специјален суд за злосторства за време на инвазијата што Русија ја започна на крајот на февруари