Акетрите на Народниот театар и почитувачите на нивното дело, со 15 минутен аплауз за последен пат се простоја од доајените на битолското глумиште Митко С. Апостоловски (1955-2022) и Јулијана Стефанова (1961-2022).
На комеморацијата која се одржа во Големата сала на Театарот во Битола, од нивната театарска сцена за нивното големо дело зборуваа колегите актери.
Митко С. Апостоловски, почина на 5 август годинава, а Јулијана Стефановска на 3 октомври годинава. Двајцата актери се до својата смрт работниот век му го посветија на Народниот театар од Битола.
За ликот и огроното акетрско дело на Јулијана Стефановска и Митко. С. Апостоловски зборуваа актерите Огнен Дранговски, Соња Михајлова и Никола Пројчевски.
Актерот со брилијантна кариера Митко С. Апостоловски, љубителите на театарската уметност ќе го паметат по улогите кои ги играше во претставите „Можеби на покривот има коњ“, „Мајсторот и Маргарита“, „Женидба“, „Казабланка“,„Последните селани“,„Васа Железнова“, „Црквичето ’40 маченици’“, „Браќа Карамазови“, „Коцкар“ и многу други. Одигра и 30 филмски улоги, ТВ серии, а беше дел и од серијата „Македонски народни приказни“.
Блесаква акетрска кариера имаше и Јулијана Стефановска во „Летни Силјане“, „Мајсторот и Маргарита“, „Медеја“, „Казабалкан“, „Васа Железнова“, „Љубов и пијано“, „Болва в уво“, „Минхаузен“, „Аудиција“ и други. М.М.