Американскиот претседател Џо Бајден ги оквалификува руските напади врз украински цивили како знак на слабост од страна на рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.
– Мислам дека Владимир Путин е во неверојатно тешка ситуација. Рускиот лидер „се обидува да ја заплаши Украина да ја натера да капитулира. Но, тоа нема да се случи – рече Бајден одговарајќи на новинарско прашање.
Во Велика Британија, началникот на ГШ на британските вооружени сили, Тони Радакин ја осуди нуклеарната реторика на рускиот претседател како „крајно неодговорна“ и ја повика меѓународната заедница да остане обединета во својата опозиција.
– На Путин не му останаа многу опции. Оттаму потекнува нуклеарната реторика – рече тој во говорот.
Радакин одби да коментира за тоа што мисли за веројатноста Путин да се подготвува да изврши нуклеарен напад врз Украина.