Во издание на издавачка куќа „Интеракција плус“, излезе од печат книгата „Печатот на вистината“ од Гоце Ристовски.
Најновата книга од Гоце Ристовски ја сочинуваат повеќе критичко-есеистички текстови, следејќи го начинот на кој театарот преживеа како жива традиција, постојано докажувајќи ја сопствената неопходност, менувајќи се во зависност од шемите на животот, често влијаејќи на нивниот облик и боја. Оваа книга, според сфаќањето за театарот како згуснато време, опфаќа временски период што се протега од почетокот на театарот, од пред повеќе од две и пол илјади години до денешен ден, притоа и на наше тло – истакнува Христо Петрески.
Ристовски е автор на повеќе од 20 прозни, драмски, критичко есеистички и монографски книги.