Фото: З.А.

Денес во амфитеатарот на Правниот факултет во Кичево, запона академската 2022-2023 година за бруцошите запишани на овој факултет. Многу успех во студирањето на идните додипломци им посака новиот ректор на универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р. Игор Неделковски и деканот на факултетот д-р Горан Илиќ.

-И нашата средба на Правниот факултет Кичево има посебна важност, бидејќи вие сте 15-та генерација бруцоши запишани на овој факултет и во оваа година факултетот слави мал но исклучителен јубилеј 15 години од неговото формирање – рече ректорот д-р Игор Неделковски.

На новите академски граѓани успешна работа им посака и деканот на факултетот професор д-р Горан Илиќ.

-Вие сте запишани,и ќе студирате на вториот по големина Правен факултет во земјава. Студирањето на Правниот факултет е голем предизвик за секој млад човек дотолку повеќе што добивањето диплома на правен факулте ви дава златна ракавица, ви дава занает кој што вас ве прави самоодржливи – рече Илиќ.

Инаку на Правниот факултет Кичево со дисперзирани студии во Битола и Струга, во четирите уписни рокови запишани се над 110 редовни студенти што е во рамките на повеќегодишниот просек. На крајот од свеченоста на новите бруцоши им беа доделени индекси.

З.А.