Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени се 704 тестови и регистрирани 57 нови случаи на ковид-19: Скопје – 39, Велес – 4, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино – по 2, Радовиш и Штип – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 12 реинфекции.
Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Прилеп – 10, Битола – 7, Кавадарци – 5, Велес – 3, Охрид, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Неготино, Ресен и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (85 години) и Битола (60 години). Пријавените се починати во домашни услови во период од 20 август до 14 септември.
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.180 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.