Полициски службеници од Полициската станица Аеродром, синоќа во 20 часот на бул.„Србија“ го лишиле од слобода М.Л. (21) од Скопје.
Како што информираат од МВР, М.Л. претходно пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал малолетник, а потоа во близина на средно училиште на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал уште двајца малолетници, информираат од МВР.
– М.Л. бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ – велат од МВР.