Веспрем триумфира третпат во низа, а вкупно петти пат, откако во финалето го совлада Загреб со 32-30

РАКОМЕТ – ФАЈНАЛФОР-ТУРНИР ВО РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

Ракометарите на Еурофарм Пелистер постигнаа историски успех на завршниот фајналфор-турнир во Регионалната лига (РЛ), кој по третпат во низа се одржа во Задар, Хрватска. Битолчани предводени од новиот тренер, Данецот Ларс Валтер, во натпреварот за третото место го совладаа хрватски Нексе со 27-23. Претходно, во полuфиналниот дуел немаа сили за изненадување против фаворизираниот унгарски Веспрем и убедливо загубија со 27-41. Битолчани претходно двапати настапија во РЛ, но не стигнаа до завршницата. Во второто полуфинале, пак, Загреб со 32-26 го совлада Нексе.
Во финалниот дуел, Веспрем славеше над Загреб со 32-20, иако по првиот дел губеше со 13-19. За Веспрем ова е трет триумф во низа, а вкупно петти (2015, 2016, 2020, 2021, 2022) од исто толку учества, со што го стигна Вардар, но скопјани настапија девет пати на завршниот турнир. Г.И.


Идеален тим на фајналфорот

Голман: Аљаш Пајнтар (Загреб)
Лево крило: Тимур Дибиров (Загреб)
Лев бек: Звонимир Срна (Загреб)
Среден бек: Кентин Мае (Веспрем)
Десен бек: Усама Хосни (Е. Пелистер)
Десно крило: Никита Валјупов (Веспрем)
Пикер: Жарко Пешевски (Е. Пелистер)
Дефанзивец: Јаков Гојун (Загреб)