Изложба на елегантни возила

• „Големата тројка“ на Opel: Kapitän, Admiral и Diplomat го прикажуват стилот на 60-тите
• Пионер: Opel 4/8 PS „Doktorwagen“ од 1909 година го отвори патот за моторизирана мобилност за сите
• Уникатен амбиент: барокната градина на Schloss Schwetzingen има 180 класични
автомобили
• Електрифициран: новата Astra plug-in hybrid претставена на „ECOmobil Gala“

Меѓународната Classic Gala (изложба на класици) во Schwetzingen (2-4 септември) е една од најпрестижните concours d’élégance (изложби на елегантни возила) во Светот. Достојно, Opel ќе ја претстави својата луксузна класа од 1960 – серијата „KAD“, составена од Opel Kapitän, Admiral и Diplomat – на овогодинешниот настан.

Сто и осумдесет избрани класични автомобили од сите децении ќе бидат изложени во барокната градина на палатата Schwetzingen во Германија. Автомобил од раните денови на моторизираната мобилност и 160-годишната историја на Opel е „задолжително“: токму затоа Opel 4/8 PS „Doktorwagen“ од 1909 година исто така ќе биде меѓу ѕвездите атракции, покрај Admiral V8 и Diplomat V8 Coupé.

Палетата историски автомобили во Schwetzingen ќе биде надополнета со „7. ECOmobil Gala“, изложба на концепти за одржлива мобилност под мотото „Иднината се среќава со класиката“.

Opel ќе учествува со plug-in хибридната верзија на новата Astra Sports Tourer (комбинирана потрошувачка на гориво WLTP: 1,2-1,1 l/100 km, емисија на CO2 26-24 g/km).

„Шармантниот амбиент и прекрасните автомобили ја прават Classic Gala (изложбата на класици) во Schwetzingen уникатно искуство за изложувачите и посетителите“, изјави
менаџерот на Opel Classic, Leif Rohwedder. „Тешко дека може да има подобра прилика да се восхитуваме на луксузната линија на Opel од 1960, автомобили кои се истакнуваа со нивниот едноставен дизајн и нудат највисока удобност за своето време.

„KAD”: „Големата тројка” од Rüsselsheim

Kapitän, Admiral и Diplomat – познати како „KAD“ или „Големата тројка“ – ја претставуваа луксузната класа на Opel во 1960 и 70-тите години. Сите три беа целосно опремени, исклучително пространи и под влијание на современиот американски дизајн. Со должина од 4,95 m и ширина од 1,90 m, луксузната класа на Opel исто така достигна нови димензии.

Додека Kapitän стана најпродаваниот германски патнички автомобил со шест цилиндри, а Admiral дизајниран на успехот на истоимениот предвоен модел, Diplomat го претставуваше врвот на линијата. Opel – кој отсекогаш се залагаше за демократизација на иновациите – беше единствениот германски производител кој понуди комплетна палета на производи во тоа време; од Kadett и Rekord, до Kapitän, Admiral и Diplomat, Opel имаше автомобил за секого.

e

На овогодинешната Classic Gala во Schwetzingen, Opel ќе го прикаже Diplomat V8 Coupé од 1966 година, како и Admiral V8 од 1965 година. 5,4-литарскиот V8 кај Diplomat со моќност од 169 kW/230 КС го придвижуваше четириседот од нула до 100 km/h за 9.5 секунди додека максималната брзина надмина 200 km/h. Ретко кој друг автомобил од германско производство бил побрз.

Admiral со својот врвен мотор од 140 kW/190 КС беше познат и по дво-степениот автоматски менувач „Powerglide“. Произведен од 1964 до 1968 година, вкупно 55,876 возила Admiral А ја напуштија фабриката, од кои само 623 имаа осумцилиндрични мотори. Ова го прави Admiral V8 редок колекционерски предмет денес. Триото KAD во Schwetzingen го комплетира Kapitän од приватен колекционер.

4/8 РЅ „Doktorwagen“: Opel го направи прв автомобил достапен за сите Посетителите на Classic Gala можат да му се восхитуваат и на првиот автомобил што ја овозможи моторизираната мобилност за сите: Opel 4/8 PS. Во рекламирањето, Opel го прогласи автомобилот како идеален за „лекари, ветеринари и адвокати“, поради што го доби прекарот „Doktorwagen“ (автомобил за лекар). Пионерското возило беше достапно за поволна цена од само 3.950 марки, отворајќи го патот за поширок дел од населението да поседува сопствен автомобил за прв пат. Техничкиот врв беше четирицилиндричниот „моно-блок“ мотор излеан во едно парче.

Паркот на палатата Schwetzingen ќе ги отвори своите порти за посетителите на Classic Gala (изложбата на класици) од петок, 2 септември до недела, 4 септември 2022 година, од 9 до 18 часот.

Комерцијална објава