Со ждрепка во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Нион, Швајцарија, попладнево беа извлечени паровите за плејофот во Лигата на шампионите (ЛШ).
Загрепски Динамо на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе игра против норвешки Бодо Глимт или литвански Жалгирис доколку во 3. квалификациско коло го мине бугарскиот шампион Лудогорец.
Првите натпревари од плеј-офот ќе се играат на 16/17 август, додека реваншите се на 23/24 август.
Жрепката за групната фаза во ЛШ е закажана за 25 август.
ЛШ, плеј-оф
Карабах/Ференцварош – Шериф Тираспол/Викторија Плзен
Макаби Хаифа/Аполон – Црвена звезда/Пјуник
Бодо Глимт/Жалгирис – Лудогорец/Динамо Загреб
Копенхаген – Трабзонспор
Динамо Киев/Штурм – Бенфика/Митјиланд