Германскиот оператор на гасоводната мрежа Гаскад (Gascade) денеска соопшти дека утре треба да продолжи доставата на гас до Германија преку гасоводот Северен поток.
– Поаѓаме од принципот дека, според досегашните нотификации, транспортот на гас преку Северен поток ќе продолжи на нивото пред ремонтот, односно 40 отсто од капацитетот – се наведува во соопштението на Гаскад.
„Нотификациите“ се известувања кои извозниците и увозниците на гас ги пренесуваат до операторот на мрежата пред да ги испорачаат или примаат нивните испораки.
Европа ја чека одлуката на Москва за рестартирање на гасоводот, што е во редовен 10-дневен годишен ремонт.
Северен поток испорачува гас главно за Германија, но и за други земји-членки на ЕУ.