Владата денеска според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни, соопшти собраниската прес-служба.
Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.