Домување
Секое продолжено отсуство од дома е идеално време за провалници што го демнат сето она што вредно и посветено сте го создавале цел живот, па ризикот од упад во домот треба да се сфати сериозно. Покрај кражбите, треба да имате предвид и други немили ситуации што можат да предизвикаат значителна материјална штета на имотот, како што се пожар, поплави поради пукање цевки, удари од гром и слично. Има неколку практични совети како да го заштитите вашиот дом пред да одите на одмор.
За да спречите пожар во случај на краток спој, се препорачува да ги исклучите од струја светилките, рутерите, модемите, полначите и сите мали апарати за домаќинство. Исклучете ги сите светла и погрижете се вашите славини да бидат исклучени, како и главниот вентил за вода. И ако навистина сакате да заштедите, но и да дејствувате превентивно, можете да ја исклучите целата струја на кутијата со осигурувачи.
Се препорачува да се затворат сите места преку кои провалникот би можел да влезе во куќата или станот, додека клучот никогаш не треба да се остава на места што се лесно достапни за други луѓе. Кога сте отсутни подолго време, ролетните на прозорците не треба да се спуштаат докрај, бидејќи провалниците го следат ова и на тој начин заклучуваат дека во домот нема никој. Не вадете ги цвеќињата од балконот, бидејќи на тој начин испраќате порака дека сте отсутни.
Се препорачува резервните клучеви од домот и поштенското сандаче да ги оставите кај сосед, роднина или доверлив човек што ќе го провери станот, но и ќе го испразни вашето сандаче, со што ќе се остави впечаток дека некој живее во домот.