Проблемот со кучињата скитници во Битола и натаму ги револтира битолчани.
Овој проблем е особено изразен во новиот градски пазар, каде купувачите едноставно се плашат да пазарат поради бројните кучиња скитници.
Утринава две големи кучиња буквално го „зазедоа“ главниот влез во пазарот, па така голем број купувачи плашејќи се од нив не можеа да влезат и мораа да ги
заобиколуваат кучињата.
– Ова навистина нема смисла со кучињата скитници. Јас не знам како надлежните не го гледаат овој проблем. Пред некој ден кучињата кои во пазарот ги има во голем број се искасаа меѓусебе, па така од нивните бркотници толку многу ми се исплаши внучето кое цел ден никако не можев да го смирам – ни вели еден од купувачите кои денеска
најмногу се исплаши од бездомните кучиња кои го „чуваа“ пазарот во Нова Битола. М.М.