Владата на официјалната веб-страница интегрално го објави предлогот на француското претседателство за деблокирање на европскиот пат на Македонија.
Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата, како што информираат оттаму, од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција.
-Во текот на денот и во следните денови, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата -информираат од Владата.
Можете да го видите на следниот ЛИНК.
Позицијата во која сега се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Нашата позиција и стратегија дадоа резултат. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изградени ставови, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со коалициските партнерите во Владата по состанокот на кој беше разгледуван францускиот предлог за преговарачката рамка со ЕУ.
Ковачевски: Францускиот предлог е солидна основа за градење став, инкорпорирани се нашите забелешки