ШАХ – ТУРНИР НА КАНДИДАТИТЕ

Рускиот велемајстор (ВМ) Јан Непомнијашчи (2.788 рејтинг-поени), единствен впиша цел поен во четвртото коло на Турнирот на кандидатите во Мадрид, за предизвикувач на светскиот првак, со победата на мечот со францускиот ВМ Алиреза Фирузја (2.793), и изби сам на врвот на табелата со три поена. Преостанатите партии од ова коло завршија со реми, Јан-Кшиштоф Дуда (рејтинг 2.750) – Тимур Раџабов (2.753), Рихард Рапорт (2.764) – Хикару Накамура (2.760), Динг Лирен (2.806) – Фабијано Каруана (2.783). Во т.н. сицилијанска одбрана, Фирузја, кој во првите четири партии играше дури трипати со црни фигури, се обиде да го изненади Непомнијашчи, но последниот предизвикувач на светскиот првак Магнус Карлсен го одби нападот. Другите партии не беа многу возбудливи. Лирен освои пешак против Каруана, но тоа не беше доволно за да изврши голем притисок. Рапорт не доби шанса за некаква предност против Накамура, кој сега е втор на табелата, а Дуда, исто така, не можеше да ја пробие т.н. берлинска одбрана на Раџабов и ремито беше потпишано во 41-от потег.
Табела по четири кола: Непомнијашчи три поени, Каруана 2,5, Дуда, Рапорт и Накамура по два поена, Лирен, Раџабов и Фирузја по 1,5 поен.

Г.И.