Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напуша пратеничката група на партија и во иднина ќе делува како независен пратеник. И за оваа одлука официјално го извести собранискиот спикер, Талат Џафери.
Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на БЕСА.
Реџепи беше незадоволен од владиниот договор и не се појави на последниот партиски конгрес на кој Африм Гаши доби поддршка за втор мандат за лидер на партијата.
Реџепи бараше непристрасна истрага за случаи за кои тој смета дека биле политички монтирани, но и рамноправен развој на Липковскиот регион.
Пред само еден месец Реџепи во телевизиско гостување рече дека воопшто не е задоволен од сработеното на нивните министри и воопшто неговата партија Алтернатива во првите 100 дена од новата влада.