Пред Собранието на Косово денеска дојде до судир меѓу полицијата и ветераните на ОВК кои ги растурија безбедносните огради и влегоа во дворот на собранието. Притоа со повреди се здобил еден полицаец, јави „Економија онлајн“.
Претседателот на ОВК, Фатон Кљинаку изјави дека законот за минимална плата не треба да биде изгласан во Собранието. Со законот, според него, се настојува да се елиминираат ветераните.
– Мораме да протестираме поради вредноста на таа војна, имавме состанок со Владата и се изјаснивме за нашите ставови – додаде тој.
Организации изразуваат незадоволство од невклучените боречки категории во зголемувањето на минималната плата, предлог на Владата.