Моника Црнокак ја претставуваше Македонија на изборот за убавина „Мис Самр Интернатионал 2018, кој викендов се одржа во „Мерит ројал премиум хотел“ во Киренија, Кипар.
Таа успеа да ја освои титулата „мис фотогеничност“ во нејзиниот прв интернационален настап како претставничка на Македонија и така продолжи по стапките на нејзината мајка Светлана Црнокрак.
На изборот победничка е претставничката на Молдавија. Титулата за прва придружничка и припадна на претставничката од Белорусија, а титулата за втора придружничка на девојката од Португалија.