Три четвртини од Афроамериканците стравуваат од напади поради нивната раса, се дознава од анкета на Вашингтон пост и Ипсос спроведена по масакрот во супермаркет во Бафало минатиот викенд кога лице со автоматско оружје усмрти десетмина, а чија цел наводно биле припадници на црното население во градот.
Според анкетата, најголем дел од Афроамериканците нападот го примаат со голема тага и гнев, но само осум проценти изјавуваат дека се „изненадени“.
Претходна анкета пак уажува дека црнците во САД го сметаат расизмот за најголема лична закана.
Од најновата анкета се дознава дека три четвртини од луѓето се загрижени дека тие лично или некој нивни близок може да бидат физички нападнати затоа што имаат темна боја на кожата. А само осум проценти изјавиле дека не се загрижени поради тоа.
Седум од десет Афроамериканци сметаат дека најмалку половина од белците во САД негуваат верување за надмоќ на белата раса (бел супрематизам).
Мнозинство од нив сметаaт дека лесниот пристап до оружје, семејни проблеми, воспитувањето и социјалните мрежи најмногу придонесуваат луѓето да извршат злосторства базирано на омраза против црнците.
Помал број Афроамериканци пак, сметаат дека одгласот во општеството за смртта на Џорџ Флојд во 2020 година резултираше во подобар третман на Афорамериканците од страна на полицијата.