Фото: Игор Бансколиев

ПО ОДЛУКАТА НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ДА ВОСПОСТАВИ КАНОНСКО ЕДИНСТВО СО МПЦ-ОА

Исчекор на Македонската православна црква (МПЦ), како Охридска архиепископија, кон автокефалност?

Полесен пат до автокефалност или посигурна патека до крајната цел, полна со нови предизвици? Зошто вчерашната одлука на Вселенската патријаршија да воспостави канонско единство со Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) е квалификувана како историски чекор?

Ова се клучните прашања на кои јавноста, затечена со пријатното изненадување од веста за воспоставување канонско единство на Вселенската патријаршија со МПЦ-ОА, бараше одговори…

Поаѓајќи од уверувањето на голем дел од граѓаните – православни христијани во
Македонија, кои сметаат дека МПЦ-ОА е носечки столб на идентитетот на македонскиот народ и на државата, од разговорите со голем број граѓани, кои сѐ уште со неверување, но и воодушевени од потегот на Вартоломеј, констатираат
дека „децениската борба за македонската црковна вистина ќе биде успешна само ако се оствари сонот на генерациите за признавање на автокефалниот статус
на црквата“…

Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова Македонија“

ОБНОВЕНО: ЛИНК до објавената содржина