Во организација на културниот – информативен центар – Битола, а со поддршка на општина Битола, по повод 9 Мај „Денот на Европа“ свечен концерт ќе одржи Дино Имери.
Концертот ќе се одржи во концертната сала на Офицерскиот дом во Битола.
Овој настан е дел од програмата за одбележување на „Денот на Европа“ на општина Битола и е прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“ по пренесувањето во Офицерскиот дом и воедно промоција на концертната сала во истиот.
На концертот Дино Имери ќе се претстави со дела на Ф. Шопен, Ф. Лист, А. Џамбазов, Д. Имери, М. Завков, С.Н. Ѓумар.
М.М.