Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист.
-Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода или храна во столицата на заразено лице или во раце контаминирани со столицата на заразено лице – изјави Бранко Колариќ. директор на Институтот Д-р. Андрија Штампар во Загреб.
Болеста е регистрирана кај ученици од три училишта, но и нивните домашни контакти.
-Епидемијата е целосно под контрола, а околу 45 пациенти веќе се опоравија. Можно е на крајот бројот на заболени да биде поголем, бидејќи периодот на инкубација за хепатитис А е еден месец, во некои случаи и два месеци – додаде Колариќ.
Училиштата добиле инструкции кои им ги пренесле на родителите и на децата.