Фото: Твитер/Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 368. недела на првото место на АТП листата и со тоа продолжи да го подобрува сопствениот рекорд на седмици поминати на врвот на светскиот тенис.

Како и минатата недела, Ѓоковиќ има 8.400 бодови, 320 повеќе во однос на рускиот тенисер Данил Медведев на второто место.

Зад Ѓоковиќ и Медведев во Топ 5 се Германецот Александар Зверев, Шпанецот Рафаел Надал и Гркот Стефанос Циципас.