Денеска на Спомен-Костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово со положување на свежо цвеќе беа одбележани 77 години од востанието на македонскиот народ

Во знак на почит и сеќавање на паднатите борци од востанието од НОБ на Спомен – костурницата свежо цвеќе положија делегации на Сојузот на борците од Куманово, на Владата на РМ. на АРМ, на МВР на РМ, на општината Куманово, на Советот на општината Куманово,на политичките партии како и делегации на разни здруженија на граѓани.

На одбележувањето на годишнината од востанието говореше премиерот на републката, Зоран Заев кој меѓу другото истакна дека целта на Владата денеска е да обезбеди посигурна ,побезбедна и попросперитетна иднина на младите генерацииа и дека овој денешниот 11 Октомври е дел од востанието на нашата генерација. Оваа е востание на гласот со кој што ке ја осигураме иднината на европска и просперитетна Македонија.Тој граѓански глас ги повика инситуциите да ја овозможат евроатлнската интеграција на сегашните и идните генерации на Македонија. Сега е редот на гласот на народните избраници во собранието кои се исправени пред историската одлука во сбранието, за сите нас – додаде на крајот премиерот, Зоран Заев

Т.Д.