Здрава храна
Празниците секогаш се одличен повод за опуштање со нездрава храна во големи количества. Но не грижете се, не мора да значи дека сте скршнале од правиот пат поради неколкудневната поинаква исхрана. Издвојуваме неколку едноставни идеи како брзо да се вратите во форма.
Седмица без леб и шеќер: Стручњаците советуваат во период од една седмица да се обидете да ги намалите или целосно да ги исфрлите од исхраната белото брашно и шеќерот. Исто така се препорачува да го намалите внесувањето млеко и млечни производи, како и кафе и алкохол.
Пијте по осум чаши вода на ден: Водата е вашиот најдобар пријател во процесот на детоксикација. Обезбедете му на вашиот организам минимално осум чаши вода дневно и избегнувајте други пијалаци, за да го освежите поефикасно својот организам.
Овошје и зеленчук во големи количества: Во периодот на детоксикација задолжително јадете повеќе овошје и зеленчук за да ја добиете потребната доза на витамини и минерали, кои по нездравата храна му се потребни на вашиот организам. Почнете го денот со овошен сок, а завршете го со лесна супа.
Протеините се клучни: Доколку не ги земате од храната, вашиот организам ќе ги црпи од црниот дроб. Затоа јадете повеќе риба, јајца или грав.