Велика Британија воведува нови санкции за руски воени команданти и компании поврзани со воени активности. Лондон најави нов бран санкции против руските генерали кои „вршеле злосторства на првите борбени линии“, како и поединци и компании кои ја поддржуваат војската на Владимир Путин.
Министерката за надворешни работи Лиз Трус денеска изјави дека ќе бидат воведени нови санкции за оние кои имаат „украинска крв на рацете“, вклучително и командантот на единицата што ја окупираше Буча, пишува Скај Њуз.
– Злосторствата од рускиот напад врз народот на Украина се очигледни за сите. Нападите се намерно насочени кон болниците, училиштата и патиштата во Мариупол; исто како што направија во Чеченија и Сирија. Велика Британија дава силна поддршка за Украина и го повикува Путин и неговиот режим да преземат одговорност. Денешниот нов бран санкции е насочен кон генералите и одбранбените компании кои имаат крв на рацете-рече таа.