Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари – соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
Агенцијата на ОН со седиште во Женева денеска соопшти дека вкупниот број бегалци од Украина е 5.010.000.
Повеќе од половина од нив, над 2,8 милиони, избегале во Полска, барем на почетокот. Иако многумина останаа во Полска, не се знае колку луѓе заминале во други земји.
Заминувањето на Украинците од земјата е забавено во последните недели во споредба со почетокот на војната.
УНХЦР наведува дека повеќе од седум милиони луѓе биле раселени во внатрешноста на Украина, која пред војната имаше 44 милиони жители