Во финалниот дуел, скопјани загубија од Златибор со 73-78 по продолжение
КОШАРКА – ЛИГА АБА 2
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја оствари посакуваната цел и од идната сезона пак ќе игра во елитната АБА-лига, иако не успеа да го освои посакуваниот победнички трофеј. Во финалниот меч од лигата АБА 2, скопјани во СЦ „Јане Сандански“ загубија од Златибор со 73-78 по продолжение. Војдан Стојановски со 14 поени беше најефикасен кошаркар во тимот на МЗТ Скопје.
Сепак, во согласност со пропозициите на АБА-лигата, како победник во АБА 2 конкуренцијата, српскиот претставник не обезбеди директен пласман во елитното друштво. Со оглед на тоа дека во АБА-лигата, Србија дава максимален број учесници (пет), новиот освојувач на трофејот во оваа конкуренција ќе треба да игра бараж-натпревари против најслабо пласираната екипа од Србија. А со тоа, пак, во согласност со пропозициите на АБА-лигата, МЗТ Скопје како финалист обезбеди директен пласман во АБА-лигата за натпреварувачката сезона 2022/2023.