Фото: Илустрација/ Официјална страница на грчката крајбрежна стража

Грција заплени руски танкер за превоз на сурова нафта, изјави претставник на грчкото Министерство за поморство.

Пловилото „Пегаз“ под руско знаме со 19 руски членови на екипажот е запленет во близина на островот Евија.

– Тој е запленет како дел од санкциите на ЕУ – изјави претставник на Министерството за поморство за „Ројтерс“.

Претставник на крајбрежната стража изјави дека бродот е запленет, но не и нафтата што ја превезувал.