Најмалку 40 пратеници од Конзервативната партија на Тереза Меј се подготвени да гласаат против можниот договор за Брегзит, ако Велика Британија ‘половина излезе, половина остане’ во Европската унија(ЕУ), рече денеска еден претставник на партијата.
– Мојата проценка е дека таму има најмалку 40 колеги што не би го прифатиле решението ‘пола внатре, пола надвор’ или заштитен механизам што би нè оставил во внатрешниот пазар и царинската унија – рече Стив Бејкер за Би-Би-Си.
Ако Меј обезбеди договор со ЕУ, мора да го одобри и британскиот парламент и би било потребно да го поддржат 320 пратеници.