Мистериозна глумица е забележана како пуши на балконот додека ги снима сцените за биографската серија за легендарната француска глумица Брижит Бардо, во Париз, деновиве. Актерката, која многу наликува на Брижит во младите денови, чие име сѐ уште не се открива, е изборот за улогата на филмската икона и борец за правата на животните, објави „Дејли мејл“.
„Бардо“ е биографска мини-серија за животот на Брижит Бардо од 1949 година, кога првпат се појави на насловна страница на некое списание, до раѓањето на нејзиниот син во 1960 година, наведува магазинот „Варајати“.
Сценариото за серијата, зад која застана Француската национална телевизија, го напиша Даниел Томпсон, номинирана за „оскар“, а режисер е Кристофер Томпсон. Француските ѕвезди Жералдин Пајас, Виктор Белмондо и Хиполит Жирадо ќе играат во серијата.
Славната Б.Б., која сега има 87 години, досега играла во 47 филма, вклучувајќи го и класикот „И Господ ја создаде жената“, во текот на својата актерска кариера. Ја напушта филмската индустрија во 1973 година, кога се повлекува од глумата и се посветува на работата на фондацијата „Брижит Бардо“, која ја основа во 1986 година, со парите собрани од продажбата на својот накит. Со нив таа направи засолниште за животни во летувалиштето „Сен Тропе“ на француската ривиера.