Со двочасовен прекин на работата протестираа околу 13 илјади вработени во судовите, општините и останатите институции барајќи платите да пораснат линеарно со последното зголемување на минималецот.
Од Синдикатот на правосудството и управата УПОЗ се жалат дека на административците не им е зголемена платата ниту за денар во изминатите десет години.
Тие најавија протести со двочасовен прекин на работата и утре, како и преземање на други чекори, доколку нема слух за нивните барања.
Премиерот Димитар Ковачевски останува на ставот дека зголемувањето на останатите плати не може да се реализира одеднаш, нагласувајќи дека во јавниот сектор има 138 илјади вработени.