Фото: Фејсбук/Еди Рама

Албанија ќе побара од Европската Унија да ја продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Македонија, која и натаму се соочува со бугарско вето, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.

Говорејќи во Тирана, Рама рече дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го укине своето вето за Скопје.

– Албанија не може повеќе да чека додека двајцата соседи не ја решат својата кавга, рече Рама, додавајќи дека Албанија има добри односи со двете држави.

Нашиот политички курс по ова прашање, рече тој, целосно ќе се промени.

Рама ги даде овие коментари при претставувањето на националното истражување со повеќе од половина милион испитаници, кое покажа дека 67 отсто сакаат патот на членството на двете земји да се разликува.