Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година вечерва загуби од соодветната селекција на Фарските Острови со 0-1 во квалификациите за Европското првенство в година.
Клучниот момент на натпреварот одигран на Арена „Тодор Проески“ во Скопје се случи во 52-та минута кога Стефан Радосављевиќ реализира пенал за гостите.
Избраниците на селектор Драган Канатларовски одиграа слаб натпревар без ниту една сериозна шанса за гол.
„Црвено-жолтите“ го запишаа четвртиот пораз во групата Х и останаа на шест бодови за во моментов претпоследно 5-то место.
Фарските Острови се на 4-та позиција со девет бодови.